Септемвриската пензија ќе биде зголемена за 2.500 денари, во март уште толку
По речиси цела година блокади и протести од следниот месец пензионерите ќе добиваат пензија зголемена за 2.500 денари. Предлог законот со 71 глас „за“ стана дел од точките на дневниот ред на 14 тата седница на која пратениците работеа во текот на вчерашниот ден, но и денес.
300.000 пензионери следниот месец ќе добијат повисоки пензии, а во март ќе има зголемување од уште 2.500 денари, потврди за ТВ 24, Бојан Стојановски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување го помина собранискиот филтер и истиот беше поддржан и од страна на опозициската СДСМ, од каде велат дека пензионерите го заслужуваат тоа.
„Дополнително што после ова линеарно зголемување на два пати, кое што го најавува Владата, после тоа во законот повторно се враќаат на оној систем на покачување со индексирањето на оној систем кој што ние го развивме.“ - велат од СДСМ.
Во меѓувреме, пензионерите кои протестираа за линеарно зголемување на пензиите и понатаму продолжуваат со протести и имаат нови барања.
Исто така бараат оставки од актуелното раководство на Сојузот на Здруженија на пензионери, бидејќи, како што тврдат, се сомневаат на незаконско работење и бараат да се донесе нов Закон за пензионерите, кој ќе им овозможи подобар живот.

