Сепак, се одржа триатлон во Сена

 

Преку ноќ организаторот на Олимписките игри успеја да го доведе квалитетот на водата во реката Сена на потребното ниво за да бидат оржани машката и женската триатлон трка.. Французинката Касандра Богран е победничка кај дамите, која со време 1 час, 54 минути и 55 секунди ја мина патеката од три епати – пливање, возење велосипед и трчање. Со неа на пиедесталот застанаа и Џули Дерон од Швајцарија, односно Британката Бет Потер. 

Во машка конкуренција Британецот Алекс Ји стигна со златниот медал со време од еден час, 43 минути и 33 секунди, што беше за шест секунди подобро време од Хајден Вајлд од Нов Зеланд, додека Французинот Лео Бергер ја освои бронзата.