Сензација во Љубљана: Македонија ја прегази Словенија!
Foto

Сензација во Љубљана: Македонија ја прегази Словенија!

Македонските одбојкари приредија сензација на Европското првенство во Љубљана, совладувајќи го ко-домаќинот, Словенија со 3-1 во сетови (26-24, 30-28. 19-25, 26-24). Во последниот четврти сет, Словенците имаа четири сет-топки за да се спасат, но Македонија освои четири поени по ред и стигна до победа, која можеби ќе значи пласман во осминафиналето.

Ова беше наш последен натпревар во групата Ц, со кој дојдовме до шест бода на третото место. За да продолжиме во осминафинале треба да останеме меѓу првите четири во групата, а за да се случи тоа ќе ги чекаме резултатите од натпреварите меѓу Турција и Белорусија вечерва и Турција и Финска утре. Наједноставниот начин за осминафинале е ако вечерва Белорусија ја совлада Турција, ако не се случи тоа, утре ќе навиваме за Турците.

0 Коментари

Остави коментари