Сензација во „Борис Трајковски“: Египет е светски првак во ракомет!
Foto

Сензација во „Борис Трајковски“: Египет е светски првак во ракомет!

Има нова сила во светскиот ракомет – Eгипет, 19-годишниците од северот на Aфрика вечерва во хистерична радост во скопската арена „Борис Трајковски“ ја прославија титулата светски првак. Египќаните, кои во полуфиналето ја совладаа досега непоразената Португалија, исфрлија секаква резултатска драма од финалето со фаворизираната Германија славејќи со 32-28.

Уште во првото полувреме почнаа да градат видлива предност, со 8-4 по десетина минутуи игра и 19-13 на паузата. Се очекуваше Германците да влезат во ритам и да се размавнат до крајот, но пресврт – не се случи. Во вториот дел намалија на минус три, со добра серија на голманот и со игра седум на шест, но немаа сили за чудо.

Египет е првата неевропска селекција, која станала светски првак во оваа возрасна категорија, а дека успехов на 19-годишниците не е случаен, сведочи и подвигот на две години постарите колеги, кои пред еден месец освоија мундијалска бронза. На шампионатот во Mакедонија, тој трофеј ѝ припадна на Данска, која денеска во малото финале ја надигра Португалија со 35-27. Македонските надежи уште во петокот завршија со натпреварите на 13. место.

0 Коментари

Остави коментари