Семејството Ристовски бара правда и транспарентност за случајот на згазената сестра и ќерка Теодора

На три дена до почетокот на повтореното судско рочиште за изгазената Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово во 2022 година, со апел за правда и транспарентност во процесот, до медиумите се обратија од нејзиното семејство конкретно сестрата Ева Ристовска. 

Разочарани од тоа што виновниот за несреќата не лежел ниту еден ден затвор, иако му биле досудени три и пол години затворска казна која потоа му била намалена на две години откако обвинителството го сменило ставот во Апелациониот суд. Семејството е разочарано и што не било известено за жалбената постапка а од медиумите дознале дека случајот ќе оди на повторено судење,