Семејството на починатото двегодишно дете бара правда

Никој не знае која е главната причина поради што двегодишното дете почина. Денеска го погребале а таткото со солзи вели дека кобната вечер неговата сопруга излегла надвор со нејзиниот син да го гледаат огнометот.

Во еден момент според кажувањата на таткото – мајката приметила дека детето крвари. Но ниту тие не знаат како се случило да детето прокрвари. 

Дедото на двегодишното дете застанат на локацијата каде била неговата снаа со бебето вели дека нејасно е како се случи да неговиот внук во рацете на неговата мајка одеднаш прокрвари , и за него и за целата јавност е нејасно што точно се случило.  

Адвокатот Срџан Амет вели дека ќе се чекаат конечните извештаи од надлежните институции за да пред се се утврди што е причината за двегодишното дете и како дошло до насилната смрт. 

Од полицијата пак велат дека се уште се истражува случајот и како точно дошло до повредата кај детето.Од Обвинителството соопштија дека веќе е издадена наредба за обдукција на телото.