Семејството на генерал Апостолски ќе го тужи Виктор Канзуров
Foto

Семејството на генерал Апостолски ќе го тужи Виктор Канзуров

Лага е дека Генерал Михаило Апостолски кој беше на чело на Народно ослободителната борба во втората светска војна се декларирал како Бугарин, кога сакал да стане бугарски офицер, вели еден од внуците на генералот.

Скопјанецот Михаил Апостолски вели дека имало еден случај кога можеби неговиот чичко бил запишан како Бугарин а тоа е кога бил заробен од италијанската војска кога Германците ја нападнале Југославија. Тврдењето на Виктор Канзуров дека има и друг документ со бгарско декларирање на генералот е измислица вели неговиот внук и најавува судска тужба.

Канзуров денеска за ТВ24 вели дека нема намера да се извини, бидејќи таков документ постои во бугарските архиви. Во анализата на ТВ24 Канзуров објаснуваше како според него Генерал Апостолски ги повел македонските партизани.

Инаку генерал Апостолски целото свое воено школување, вклучувајќи ја и Генералштабната академија го завшрил во Белград.

По враќањето во Македонија тогаш окупирана од бугарската војска во 1941 година се поврзува со народноослободителното движење, по што е назначен за командант на Главниот штаб на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија.

0 Коментари

Остави коментари