Семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“
Со солзи, бес, револт, транспаренти и фотографии од своите деца, родителите на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска од протестниот марш во Скопје побараа институционална одговорност но правда за своите загубени деца.
На маршот кој започна пред Основното јавно обвинителство, родителите го искажаа своето незадоволство од текот на истрагата. Обвинија и за селективна правда.
Од пред Обвинителството маршот продолжи кон Собранието каде присутните родители побараа да се сретнат очи во очи со народните избраници. На повикот први одговорија пратениците од политичката партија Левица. Веднаш после нив, пред родителите се појавија и дел од пратениците на опозициската СДСМ кои беа исвиркани.
На кратките средби пред Собранието, пратениците од двете политички партии ги ислушаа барањата на родителите и ги уверија дека не собираат политички поени туку сакаат да дадат поддршка.
По Собранието, родителите се упатија и во Министерството за внатрешни работи, каде се сретнаа со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
На средбата, родителите го прашаа министерот Тошковски зошто истрагата се води на селективен начин, но изразија и незадоволство дека не се притворени вистинските виновници за смртта на нивните деца. Тошковски ги увери родителите дека правда за овој случај мора да има.
По четирите протести во Кочани, ова беше прв марш во Скопје.