Семејно насилство – татко ја претепа ќерката Моника Ристеска, активист за легализација на канабис
Foto

Семејно насилство – татко ја претепа ќерката Моника Ристеска, активист за легализација на канабис

Вознемирувачки фотографии на социјалните мрежи од семејно насилство врз активистката за легализација на канабисот, Моника Ристеска, позната како Конопова, ја згрозија, но и поделија јавноста.

Со скршен нос, изместена вилица и облеана со крв, жртвата, нападот од страна на нејзиниот татко го пријавила во полиција, при што полициски службеници од СВР-Скопје го лишиле од слобода ,поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело.Според објавите на социјалните мрежи , Конопова била удирана со тупаници и дрвен стол, пружена и е медицинска помош на една од скопските клиники, а ја очекува и операција на носот.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, рече дека граѓаните треба да ги пријавуваат сите форми на насилство, а полицијата ќе постапува професионално во сите случаи.

„Како министер, но пред сè како човек го осудувам секој вид насилство, особено семејното насилство кое е насочено врз жените. Ги охрабрувам граѓаните да ја пријавуваат секоја форма на насилство, а Министерството за внатрешни работи ќе постапува професионално во насока на негово целосно расчистување“, напиша Чулев.

Од Националната Мрежа за семејсно насилство, најостро го осудуваат секој чин на насилство и упатуваат порака до надлежните институции утврдувања на кривично правна одговорност на сторилителот, но и изрекувања на мерки за заштита од семејно насилство.

Покрај коментарите за осуда на ваквиот грозоморен чин и поддршка на Моника, на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук осамнаа и објави полни со говор на омраза.

„Упатуваме апел до јавноста да се воздржи од вакви коментари, бидејки фокусот кога станува збор за семејно насилство не треба да биде кон жртвата, туку треба јасно да го осудиме самиот чин на насилство, и да побараме одговорност од сторителот и соодветна санкција.“ - изјави Росана Богатиновска.

Од таму јавно нудат помош на Конопова, но и на сите жртви на семејно насилство кои стравуваат јавно да говорат и да побараат помош и потсетуваат на растот на семејното насилство во време на вонредната состојба и потребата за навремено превенирање.

„За неполни две недели имавме 2 фемицида, односно убиства на жени во Скопје, што дополнително го вклучи алармот дека институциите треба да се заложат кон превенција на семјното насилство, и спречување на фатални последици коишто најгрубо ги прекршуваат човековите оправа на жртвите.“ - вели Богатиновска. 

Конопова која од претходно и е позната на јавноста, го привлече вниманието со нејзината борба за легализација на марихуаната, при што користеше различни форми на активизам. Минатата година таа беше осудена на една година затвор, откако во нејзиниот дом беше пронајден канабис.

0 Коментари

Остави коментари