Семејни стебла и вработувања во државни фирми заглавени во политиката и професионализмот

Вработувањата на луѓе блиски до фукнционери и од семејните стебла се разгранува. Премиерот Ковачевски кој претходно М-НАВ ја нарече семејна фирма посочувајќи ги братот и таткото на синдикалецот Тасевски, но ги сокри вработените на неговите сопартијци Артан Груби, Љупчо Николовски и Бујар Османи, денеска со нова изјава дека поранешен министер за надворешни работи ја имал вработено неговата бебиситерка во МНР.

Љупчо Николовски не сакаше да ја коментира изјавата на премиерот Ковачевски и рече дека неговиот чичко работи во М-НАВ уште тој пред да биде роден, а за неговиот внук рече дека станува збор на највисоко стручен кадар, школуван во Јапонија, во Кина и во Словенија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат Ковачевски молчи пред семејните вработувања на функционерите на ДУИ во М-НАВ и шерифското однесување, затоа што се плаши дека нема да добијат поддршка на претстојните избори од ДУИ. Прашаа Дали Ковачевски кога вели дека има до трето колено вработувања во М-НАВ мисли на Љупчо Николовски.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во емисијата Клан дебата синоќа беше категоричен дека инцидентот во М-НАВ не бил ништо друго освен вербална пресметка меѓу колегите. За премиерот пак настанот во М-НАВ рече дека е е нешто што се случува во секоја фирма и семејство.

Претходно за упадот во М-НАВ домашен притвор беше одреден за четири лица, меѓу кои и Беким Незири советник во М-НАВ и функционер на ДУИ.Трисест дневен притвор му одреди Кривичниот суд и на Лабинот Керими, 5-тиот од вкупно 8 осомничени. По останатите тројца се уште се трага.