Селмани за ТВ 24: Договор за устав има, ДУИ е државничка, СДСМ оди во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт
Новинарот Насер Селмани во емисијата 24 анализа за уставните измени рече дека оваа реторика дека ќе прифатиме уставни измени и тоа да стаи во сила е само да се амортизира, а очигледно е дека пред една недела Мицкоски рече дека се заинтересирани за широко национално малцинство.
- Луѓето си се договорено и сфатија дека нема време за шега. Овие луѓе сериозно ги сфатќаат пораките однадвор, не само за односите со Бугарија. Добро е што се договорија, и добиваат сите и земјата и почнуваме преговори. Реториката дека Бугарија ќе прави пречки е само изговор. Не е прашање дали некој може да не блокира туку каков ни е капацитетот да ги надминеме. Ако си сериозно заинтересиран за инеграција во ЕУ. ДУИ профитира зошто вели на Албанците дека ова е последна карта, ВМРО дека ќе го скроти ДУИ, а СДСМ веројатно дека ќе се повлече и ќе страдаат ситните риби. Идентитетот си го гарантираш самиот. Ние имаме договор со Бугарија и тој е влезен во преговарачката рамка. Османи рече дека ВМРО првпат спомна за внесување на Бугарите во уставот. Зошто би „си пукале“ во нога? - рече Селмани.