Селмани за ТВ 24: Ако албанската опозиција е сериозна во намерата да допре до гласачите Албанци, реална е шансата да ја победи ДУИ
Новинарот Насер Селмани во емисијата 24 анализа рече дека малку е веројанто кандидат од партија на Албанците да влезе во вториот круг. Во оваа ситуации двете групации одат на избори за да си ги мерат силите меѓусебе, а не дека имаат сериоза намера да се тркаат за избор на претседател.
- Интересно во албанскиот блок е дека ДУИ како никогаш досега не е изолирана, вели дека ќе прави коалиција со помали партии. Албанската опозиција со партиите со кои се здружија ја направија ДУИ изолирана. Дали тоа значи дека на овие четири партии победата им е загарантирана, сигурно не. Предност им е што ако навистина знаа во овој период на предизбрна кампања да се артикулираат и да стигнат до гласачите Албанци, реална е шансата да ја победат ДУИ. Ако спијат на тоа уво, дека се обединети и дека Албанците ќе ги поддржат, таа филозоција нема да успее. Не знам колку албанските партии ќе можат да го дисциплинираат гласачкото тело. - рече Селмани.