Селими за ТВ 24: Клубовите беа формирани да и служат на деструктивната политика на бугарското ВМРО
Политички анаитичар и директор на Демократската лабораторија Сефер Селими во емисијата 24 анализа истакна дека бугарската политика беше киднапирана и претворена во алатка на деструктивни сили кои биле клучни за одржуање на владата во Бугарија.
- Кулминацијата беше во времето на Борисов. Во склоп на таа политичка реторика под диктат на бугарското ВМРО, овие клубови беа формирани да и служат на таквата деструктивна политика. Наместо да го покрене прашањето на Бугарите во Македонија во едно правање врз кое може да се дебатира конструктивно, то асе претвори во политика на поларизација. Сега сме во позиција каде се продолжува во еден дел за секојдневни политички поени за внатрешна употреба, а уште повеќе тука. - вели Селими.