Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на репрезентативци за дуелите со Летонија и Словенија
Foto

Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на репрезентативци за дуелите со Летонија и Словенија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за првите два меча од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година, против Летонија и Словенија.

Собирот на А репрезентацијата на Македонија е закажан за 18 март во 12часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје. 

Првиот натпревар Македонија го игра во Скопје против Летонија на 21 март, додека на 24 март се гостува во Љубљана против Словенија.

Ова се играчите на кои Ангеловски ќе смета за двата дуели:

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Ропс, Финска), Дејан Илиев (Арсенал, Англија)

ОДБРАНА: Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Шкендија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Кристијан Тошевски (Вардар), Ѓоко Зајков (Шарлоа, Белгија)

СРЕДЕН РЕД: Ељиф Елмас (Фенербахче, Турција), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Бобан Николов (Видеотон, Унгарија), Ферхан Хасани (Ал-Раед, Саудиска Арабија), Кире Маркоски (Спартак Трнава, Словачка), Стефан Спировски (Ференцварош, Унгарија), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија)

НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Дарко Чурлинов (Келн, Германија), Илија Несторовски (Палермо, Италија), Александар Трајковски (Палермо, Италија), Крсте Велкоски (Сараево, Босна и Херцеговина), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар).

 

Foto

0 Коментари

Остави коментари