Селекторот Брестовац со 28 ракометари на подготовките за ЕП
Foto

Селекторот Брестовац со 28 ракометари на подготовките за ЕП

Селекторот на машката ракометна сениорска репрезентација, Данило Брестовац, повика 28 ракометари кои ќе бидат кандидати за настап на Европското првенство во јануари.

На листата нема поголеми изненадувања, Брестовац се потпира на проверени сили. Првиот собир на македонскиот национален тим е закажан за 21 декември. Во текот на подготовките, „црвено-жолтите“ ќе имаат пет контролни натпревари, по што ќе се искристализира кои ракометари ќе го носат дресот на шампионатот.

Во првата фаза на ЕП, во групата во Виена, македонската репрезентација ќе биде во група со Украина (дуелот со нив е на 10 јануари), Чешка (12 јануари) и домашната Австрија (14 јануари).

0 Коментари

Остави коментари