Села: Затворот за Алими е симбол за новиот режим на Али и Зоран
Foto

Села: Затворот за Алими е симбол за новиот режим на Али и Зоран

Пратеникот Зијадин Села којшто беше најмногу повреден на Кравиот четврток се огласи на својот фејсбук профил по изрекувањето на казната за обвинетиот за настаните на 27. април Абдулфета Алими, кој доби 7 години затвор.

„Доколку некој преку твојата казна сака да ја прикаже симболиката дека минатиот режим имаше две компоненти, и Албанци и Македонци, ти не си таа симболика. Ти си симболика на обичниот албанец што го сака животот, што ја сака слободата. Ти си симболика за Албанец врз којшто се уште се монтираат политички процеси. Ти си симболика на политизираното судство и со двојни стандарди. Симболиката на минатиот режим не може да биде Фета, туку е Али со Никола. Ти и твојата казна денеска сте симболиката на сегашниот режим на Али и Зоран, напиша Села на фејсбук.

0 Коментари

Остави коментари