Села за ТВ 24: Таравари се користи како марионета на ВМРО-ДПМНЕ

Зијадин Села од Алијанса за Албанците во емисијата 24 анализа рече дека се случи дезертерство на претседателот на партијата и негово самоволие. Таравари излезе за кандидат за претседател на државата и вели дека Алијанса ја водел кој стигнал, а не Таравари.

- Како резултат на сево ова, ја остави партијата за се занимава со разни теми, а не со тоа што е актуелно. Ние се занимаваме со печати, на кого припаѓа партијата и со двојни конгреси. Тие не се од легалните структури на партијата, туку се направи од страна на Таравари, без да припази на тоа што го пишува во статусот на партијата, бевме во дебатата како да се однесуваме како политичка партија и не сакавме да придонесеме во креирање на ситуација која ќе ја комплицира политичката ситуација по изборите. Ние сме во еден пат за членство во ЕУ и за тоа предуслов се уставните измени и ќе бевме во посигурна ситуација ако влегуваме со променет устав. Требаше да се држат некои баланси во политиката. Бившиот претседател Таравари се користи како марионета на ВМРО-ДПМНЕ. Јас ја водев партија и вистина е дека пред неколку недели партијата додека Таравари беше претседател секој ја водел, а не членството. Сега, партијата ќе се води од членството на Алијансата. Беше неопходно јас да се вратам. - вели Села.