Села за 24 анализа: Заев ќе ја исклучи Ременски, а не го менува Бујар кој е обвинет од СЈО
Foto

Села за 24 анализа: Заев ќе ја исклучи Ременски, а не го менува Бујар кој е обвинет од СЈО

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во вечерашното гостување во 24 анализа со Сеад Ризвановиќ истакна дека премиерот Зоран Заев е контрадикторен со денешата најава дека ја отстрани Фросина Ременски поради сомневањата за „Рекет“, а Бујар Османи кој е осомничен во случајот „Пациент“ му е вицепремиер. 

„Османи е исто така осомничен, тој е во случај осомничен за корупција од 400.000 евра. Ова ми делува дека Заев со денешната најава за Ременски сака само да ја замајува јавноста.
Случајот „Рекет“ има симболика. Не велам дека Османи е директно вмешан во овој рекет. Симболиката на „Рекет“ е симболика на разочарување од нефункионирање на правниот систем. Според мои сознанија, СЈО и Катица Јанева го имаа заштитено Османи да не одговара за случајот „Пациент.“ - вели Села.

Во врска со преговорите за Јавно обвинителство, Села вели дека тие имаат што да кажат со тие прегоовори, имаат и нивни предлози кои имаат за цел да ја вратат правната држава.

„Се заобиколува нашиот предлог за обвинител да биде некој странец. Кој е резултатот на СЈО кое ние со закон треба да го укинеме? Казна за бившиот премиер за еден мерцедес? Дали има некоја казна за другиот дел? Заев тврдеше дека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се исти,. нема случај од ДУИ кој е процесуиран и мислиме дека не треба да се укине СЈО. СЈО не е само Катица Јанева.“ - изјави Села.

0 Коментари

Остави коментари