Села: Во влада само со албански јазик во уставот

Зијадин Села го паузира преговарањето за идна коалиција. Вели после изборите не комуницирал ниту со Зоран Заев, ниту со Христијан Мицкоски. Ќе разговара кога ќе биде избран мандатар. Албанскиот јазик да биде запишан и во Уставот- ова е услов за преговарање на 12-те пратеници зад кои стојат со Африм Гаши од Алтернатива. 

Села му порачува на Ахмети сам да си замине во опозиција ако не го исполни ветувањето ДУИ да добие прв Албанец -премиер. Интегративците имаат три пратеника повеќе од Села, освоија 15 мандати.

За овие пратенички места и евентуална коалиција со СДСМ веќе се водат неформални преговори. Според извори од двете партии на ТВ24 тимови од по тројца луѓе од доверба и на Заев и на Ахмети веќе ги пеглаат разликите за идно коалицирање. Досегашните коалиционери не потврдуваат официјално. дУИ. Но, потврдија дека има иницијални, пријателски разговори овој период. 

 - Воспоставените постизборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, пријателски, иницијални, секако за доброто на земјата и нејзините граѓани. Разговори за детали, како што се претставени, ниту имало ниту се договорени со ниту една од страните. - вели Телоп Артан Груби ДУИ.

Новиот состав на Илинденска ќе се формира од вторник. Според роковите во Уставот, најдоцна до 14 август претседателот Стево Пендаровски треба да го додели мандатот на оној кој ќе ја формира и води идната влада. Од партијата на Зоран Заев која освои најмногу пратенички места (46) најавија дека ќе ги почнат преговорите по конститутивната седница во вторник. Од премиерското столче не се откажува ниту Христијан Мицкоски.

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи во вторник на пладне, под посебни протоколи поради Ковид -19. Според најавите извесно е дека седницата во Собрание ќе ја води Талат Џафери, но виси неговото одење во  Крушево на 2 август за чествувањето на Илинден.