Села: Груевски имаше причина да ме убие, но каква причина имаше Заев да ми забие нож в грб
Foto

Села: Груевски имаше причина да ме убие, но каква причина имаше Заев да ми забие нож в грб

„Не сме седнале со Мицкоски да направиме договор за коалицирање. Нема да се криеме ако треба да правиме коалиција. Немаме предрасуда за никого за ниеден политички субјект. АА ќе прави коалиции со оние партии кои го прифаќаат концептот и идеите. Нашиот идентитет како партија не го градам врз коалиција со македонска политика партија. Нашите ставови никогаш не зависеле од тоа кој е македонскиот партнер од другата страна. Сегашната позиција на ДУИ беше и во времето на Груевски, тие се партнери во Владата веќе 18 години, но тука се само како статуи, без идеја и програма, таква нема. Нивната цел е само да се тука за да земаат удел од власта. Нашиот кредибилитет се гради врз она што им го ветивме на граѓаните. За 27 април сакам да сум во студио со Заев, тој треба да даде некои одговори, зошто сведочи во судот, дека Вељановски, Јанакиески не биле виновни. За настаните од 27 април осуден е човек што ми ја спаси главата, не треба таква правда да има. Му должам на тој човек. Груевски имаше причина да ме убие затоа што знаеше што ќе му се случи, но каква причина имаше Заев да ми забива нож во грб, политички“ вели Зијадин Села во Студио 10.

 

0 Коментари

Остави коментари