Секуловски: 5 милиони евра од буџетот ќе завршат во мала група медиуми
Постои опасност од нарушување на слободата на медиумите и влијание врз уредувачката политика на медиумите доколку се усвојат измените за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – алармираат професионалните новинарски здруженија. Остануваат на ставот дека Владата не смее да го врати државното рекламирање. Според информации на ТВ 24 и последната предлог верзија се предвидува до максимални 75% од рекламниот колач да заврши кај петте национални телевизии. Извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија, Драган Секуловски вели дека постои опасност од скриена политичка пропаганда и наместо до гледачите да стигнува содржина од јавен интерес, да се пласира содржина од интерес на одредена политичка партија.
Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека предлог законот сеуште бил во процедура и за околу четири недели ќе го адресира до Собранието.
Додека министерот тврди дека се дала шанса на сите засегнати и дека тие не придонеле кон процесот, голем дел од засегнатите изминатиот период имаа бројни реакции и дописи токму до неговото министерството со став враќањето на државните реклами ќе биде вовед во поткуп и политичко влијание во медиумите. Дел до експертите анагжирани во работната група кажаа децидно не на целиот предложен законски пакет со став дека се коси со еу директивите.