Секторска буџетска поддршка за младите од 15 милиони евра преку проектот „ЕУ за младите“

Помош за земјава во износ од 15 милиони евра за имплементација на шемата „Гаранција за млади”, средства наменети за секторите образование и вработување и социјална политика, со цел организирање на системско вклучување на општините, компаниите, социјалните партнери и граѓански организации во процесот на спроведување реформи.

Проектот обезбедува комплементарна техничка помош на договорот за изведба на реформи во секторот „ЕУ за млади”, односно сеопфатна поддршка за капацитетите на клучните ресорни министерства и засегнати страни, како тековно системско следење и евалуација на процесот.

- Младите се важни за иднината. Секогаш носат нови идеи и нова можност за промена. Тука сме за да им помгонеме и да ја подобриме околината и да инвестираме во подобро образование, да им овозможиме попријателска околина за нив. Многу ми е криво што во ладите си одат, тоа е одраз на слабиот пазар и затоа сме тука да погмогнеме и да ги задржиме мадите луѓе. - вели за Студио 10 Гаља Божанова - тим-лидерка на проектот „ЕУ за младите“.

Таа додаде дека вклучените страни во договорот ќе треба да обезбедат мониторинг, исполнување на условите и подготовка на извештај што ќе служи како еден вид на барање за финансиските средства.