Секс, лаги и видео ленти - во што се претвора изборната кампања во Македонија?

По објавата на видео и фотографии со компромитирачка содржина на социјалните мрежи, може ли да се очекува реакција на институциите?

Во изјава за ТВ 24 директорот на ГОБ 8ми септември Христијан Костов, кој е директно инволвиран, најави пријава до полицијата.

- Пријавено е во МВР и случајот ќе има судска разрешница. - вели Костов.

Објавата на вакви но и други фотографии на социјалните мрежи на други политичари со кои практично се најавува црна, досега не видена кампања во македонското политичка сцена, за експертите е шокантен развој на кампањата која формално не е сеуште започната. Објавата на вакви содржини од противникот е најдолно ниво на политичко оцрнување

Се очекува институциите да постапат во овие случаи, за да се превенира и спречи и натамошно ширење на ваков тип на црна кампања.

Официјално изборната кампања во македонија почнува на 4 ти април, но зовриената политичка атмосфера се чувствува на секој чекор. Последните видеа се кулминација на валканиот наратив, кој ако се суди по почетокот, може уште повеќе да прогресира во текот на кампањата.. На потег се МВР и Јавното обвинителство.