Секој трет стан е празен

Во Македонија од 2020 до 2025 година биле изградени 36.281 стан. Само во јуни 2026 година биле издадени одобренија за уште 754.

Истовремено, пописот од 2021 година регистрирал 307.187 ненаселени станови. Тоа се 36,6 проценти од вкупниот станбен фонд. Секој трет стан бил без постојани жители, но цените не паѓаат. Напротив, квадратот продолжува да поскапува. 

Во скопски Центар, нов стан од 50 квадратни метри бил продаден за 168.000 евра, односно за околу 3.360 евра по квадрат. Во Охрид, стан од 66 квадратни метри достигнал цена од 211.200 евра, или околу 3.200 евра за квадрат. Тоа се највисоки поединечни трансакции, а не просечни цени. 

Во вториот квартал од 2026 година биле регистрирани 6.221 купопродажба, што е раст од 20,2 проценти. Во истиот период бројот на договорите за закуп се намалил за 16,8 проценти.