СЕХА: Вардар го победи Татран Прешов
Foto

СЕХА: Вардар го победи Татран Прешов

Екипата на Вардар го совлада Татран Прешов со 23-21 (10-9) во меч од 12.коло од СЕХА лигата.

За “црвено-црните” ова е 10-та победа со која се зацврстија на првата позиција на табелата во регионалната лига.

Двата тима одиграа изедначен дуел, кој беше решен во последните десет минути.

Најефикасен во составот на Вардар е Игор Карачиќ со 6 гола, додека Кристијан  Дисингер постигна 3. Кај гостинот, Јануш Лапајне постигна 6 гола.

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо, е задоволен поради тоа што неговиот тим ја задржа лидерската позиција во СЕХА Газпром лигата.

– Ние не одигравме најдобро во текот на првото полувреме. Во овој период од средбата ни недостигаше интензитет и фокус во мечот. Потоа беше поинаку. Вториот дел донесе подобра игра, а морам да им се заблагодарам на моите ракометари за покажаното во тој дел од мечот. Имавме проблеми со играта во одбрана и тоа ни се одрази врз резултатот. Се соочивме и со проблеми бидејќи двајца од ракометарите кои играат во центарот на одбраната се повредија за време на натпреварот. Најважно е дека се изборивме за уште една победа - изјави Парондо.

Вардар се среќава со Стеауа во Романија во последниот меч во СЕХА лигата годинава.

0 Коментари

Остави коментари