Сејдини: Да даде Господ државата да функционира како што ни е репрезентацијата
Foto

Сејдини: Да даде Господ државата да функционира како што ни е репрезентацијата

„На селекторот Игор Ангеловски договорот му истекува на 31 декември. Тој го направи најголемиот успех. УО ќе ја донесе одлуката, ќе се разгледаат неговите понуди. Да даде Господ да функционира нашата држава како што функционираат нашите дечки во репрезентацијата, фудбалерите живеат како браќа. Тие се големи професионалци. Во фокусот наш беше само победата, против Косово, јасни ми се предрасудите, ама со овој успех мислам дека тие предрасуди се пробиени. За одењето на ЕП, се прави камп, правиме калкулации. За разлика од другите федерации во УЕФА ние сме ситна федерација, а сите треба да направиме камп. Цените се за сите исти. Дали би направиле камп тука кај нас или во Букурешт, ќе видиме“ - вели Мухамед Сејдини, претседател на ФФМ во Студио 10 на ТВ24.

0 Коментари

Остави коментари