Седумнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски
Струмичани ја одбележаа годишнината од смртта на својот сограѓанин и Претседател Борис Трајковски кој во 2004-тата заедно членови на кабинетот загина во авионска несреќа кај Мостар.
Тие се поклонија пред споменикот Македонија подигнат од општина Струмица во негова чест каде градоначалникот Коста Јаневски потенцираше дека Борис Трајковски бил пример за државник за својот народ.
Пред споменикот Македонија делегација од Владата, општината, политички партии и граѓански организации положија свежо цвеке а ОК на ВМРО-ДПМНЕ традиционално засади дрвце во непосредна близина на споменикот подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски.