СЕДУМДНЕВНА ЗАБАВА ЗА ПОВТОРНО ОТВОРАЊЕ НА НОВОТО “ANGELS CAFE“ ВО ШТИП

Синоним за секогаш најдобра забава, музика и атмосфера, место кое низ годините поставуваше високи стандарди кога е во прашање угостителството и ноќниот живот во земјава...Најдоброто, Angels Cafe во Штип, вчеравечер ја започна 7дневната „Opening fiesta“, што ќе го означи новиот старт за омиленото место на штипјани, во комплетно ново руво и поинаков концепт на работа од досегашниот.

Посетителите, не ја криеја среќата и задоволството што повторно во нивниот град ќе можат да уживаат во пријатен и модерен амбиент, и искрено зборуваа за тоа колку во изминатите 4 години им недостигаше местото каде што најдобро се забавувaa и ги создавaa најубавите спомени .

Вчерашната забава започна уште во текот на денот со Дј сет на ConstantinV, а продолжи во вечерните часови кога за забавата беше задолжен DJ Dino MFU, долгогодишен пријател на Angels Cafe, заедно со неговите пријатели и соработници диџеи од Атина.

Најдобрата забава во Angels Cafe продолжува и во текот на денешниот, како и во наредните денови се до 4ти септември, а целодневната музичката програма ја сочинуваат различни стилови и артисти од земјава и странство, се со цел – да бидат задоволени буквално сите вкусови на публиката.

Вратите на Angels Cafe се секогаш отворени за сите што се подготвени да дојдат со единствена цел – убаво поминати моменти, и многу споделени насмевки, и затоа, „Земјата на Ангелите“ останува и понатаму да важи како местото за забава, љубов и среќа.