Седум скопјани и светиниколец со западнонилска треска хоспитализирани на Инфективна – досега починале осум пациенти
Директорот на Клиниката за инфективни болести – Скопје, Фадил Цана, денеска на прес-конференција информираше дека осум пациенти со потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска биле хоспитализирани на Клиниката.
Како што посочи Цана, во текот на викендот бил регистриран и осмиот смртен случај од овој вирус. Станува збор за 70-годишен пациент, кој на 25 август бил примен во изразено тешка состојба.

