Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во близина на опколениот манастир во Бањска

Седум македонски државјани меѓу кои и дете се наоѓаат во косовското село Бањска каде утрово беше убиен косовски полицаец, а дополнително во текот на целиот ден околу триесетина вооружени напаѓачи го окупираа манастирот во Бањска.

Министерството за надворешни работи информира дека уште во раните утрински часови е добиена информација за наши држвањани во Бањска, а моментално полициски сили го обезбедуваат хотелот каде тие престојуваат.

„Амбасадата на Северна Македонија во Приштина е во комуникација со преставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани. Во текот на денот, во неколку наврати Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари директна комуникација со Министерката Гервала, и во моментов косовските полициски го обезбедуваат хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интрвју тие да бидат испратени кон дома“, стои во соопштението на македонското МНР.