Седум деца од прифатниот центар Визбегово немаат туберкулоза, другите 15 чекаат резултати

Готови се резултатите за седум деца кои што беа тестирани за туберкулоза во болницата во „Козле“ и сите се негативни. Во наредните две недели етапно ќе се тестираат и другите деца од прифатниот центар, околу 15 на број, потврди за ТВ 24 доктор Катерина Бошковска раководителка на одделот за туберкулоза во Институтот Козле. Состојбата на двеи пол годишното девојче е се уште  критична.