Седници на четири собраниски комисии
Foto

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија, како и Законодавно правната комисија.

На седницата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижност , во прво читање, Годишен извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2018 година, Извештај за работата на Агенцијата за aдминистрација за 2018 година, Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2018 година, како и Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2018 година.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика треба да расправаат по Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност,
Предлог – закон за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, и
Предлог-закон за изменување на Законот за волонтерството, трите во прво читање, а ќе го разгледуваат и Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлогот на закон за социјалната заштита, по скратена постапка и Извештајот на Законодавно-правната комисија, по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, исто така во скратена постапка

На дневен ред на Комисијатаза финансирање и буџет се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, бо прво читање, Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2018 година, Предлог-одлука за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2019 година…

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија, пак, ќе се разгледува Финансиски план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2019 година, Годишен извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2018 година, Годишен извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2018 година, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство во прво читање поднесен од пратениците Диме Велковски, Реџаиљ Исмаили и Костадин Ацевски, како и Предлог-закон за урбанистичко планирање, исто така во прво читање.

0 Коментари

Остави коментари