Седницата на Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците одложена за в понеделник
Foto

Седницата на Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците одложена за в понеделник

Седницата на собраниската Комисија за политички системи и односи меѓу заедниците е одложена за в понеделник. На дневниот ред на седницата денеска требаше да се најде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во второ читање.

Причина за одложување на седницата на Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците, како што тврдат пратениците од Левица е исчезнувањето на 1.800 амандмани поднесени од оваа политичка партија.

Претходно, лидерот на Левица Димитар Апасиев за време на седницата во Собрание истакна дека бил направен инцидент, посочувајќи дека амандманите на Левица „биле фрлени во корпа“ со што, според него, е прекршен член 152 од Деловникот и се закани дека „допрва ќе следуваат инциденти“.

По ова, претседателот на Парламентот Талат Џафери се обиде да ја смири ситуацијата и укажа дека се работи за законодавен дом и му порача на Апасиев да не се заканува од собраниската говорница.

По завршувањето на комисијата, Апасиев изјави дека претседателот на Собранието, Талат Џафери ги прогласил амандманите за предлог-законот за лични карти за неуредни, бидејќи не го содржеле целосно уставно име на државата.

0 Коментари

Остави коментари