Седница на собраниската Законодавно-правна комисија
Во Собранието за денеска е закажана седница на Законодавно-правната комисија која треба да се изјасни за Предлог законот за изменување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка, како и за неколку барања за давање автентично толкување.
Членовите на Комисијата треба да расправаат за барањата за давање автентично толкување на член 44 став (5) од Законот за локалната самоуправа, а во врска со член 75 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, поднесено од градоначалникот на Општина Кочани, на член 106 став (1) од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија” број 124/15), поднесено од пратениците Фадил Зендели и Бастри Бајрами, како и на член 134 став (6) а во врска со ставовите (3), (4), (5) и (7) од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), поднесено од пратеникот Миле Лефков.
Исто така и за барањето за давање на автентично толкување на член 104 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), поднесено од пратеникот Диме Велковски.