Седница на собраниската комисија за европски прашања, на дневен ред законските измени за коридорите
Собраниската Комисија за европски прашања оддржува седница на чиј дневен ред се предлог-законските измени за изградба на коридорите 8 и 10д за кои денеска на пленарна седница беше утврдена потребата да се носат по скратена постапка, со европско знаменце.
Означувањето со европско знаменце на законските измени ја одбележа целодневната дебата во Собранието.
Опозицијата го повтори ставот дека со измените не се врши усогласување со европското законодавство и оти се злоупотребува механизмот на европското знаменце, додека власта и натаму тврди дека со измените ќе се овозможи побрза и поевтина изградба на коридорите.