Седница на работната група за уставни измени, Мицкоски повторно обвини за федерализација

Нов состанок на работната група за уставни измени, откако минатата недела едногласно се утврди деловникот за работа, членовите на работната група кои треба да ги подготват уставните амандмани денеска започнуваат со посуштинскиот дел од работата.

 

Токму во пресрет на денешниот состанок, претседателката Маргарита Цаца Николовска во интервју за „Утрински Печат“, нагласи дека мандатот нна оваа група не е да се редифинира уставот, како што од претходно тврдеше опозицијата.

 

Од друга страна пак, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски побара од Ковачевски и Ахмети да поднесат барање во Собранието да се гласа за уставните измени, па самите пратеници да се изјаснат.

 

Инаку работната група која работи на подготовка на Уставните амандмани има вкупно 23-ца членови, од кои 10 се експерти, 10 се предлози на политички партии, а тројца се од институции.

 

Работната група засега не се врзува со рокови, но како што истакна и Николовска од претходно во интерес за сите е час поскоро да се подготоват овие уставни амандмани чија главна цел е да се овозможи влегување на Бугарите во уставот.