Седница на две собраниски комисии
Foto

Седница на две собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт и за транспорт, врски и екологија.

Статутот на Универзитетите „Мајка Тереза“ во Скопје и на „Св.Климент Охридски“ во Битола, се на дневниот ред на седницата на Комисијата за образование, наука и спорт.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат по Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги, во второ читање, како и за Предлог-националната програма за железничка инфраструктура за периодот од 2019-2021 година.

0 Коментари

Остави коментари