Седница на Централниот одбор на СДСМ за најавените кадровски промени
Foto

Седница на Централниот одбор на СДСМ за најавените кадровски промени

Во седиштето на СДСМ денеска попладне се очекува седница на Централниот одбор на партијата на кој треба да се расправа за кадровските промени во партиските редови, но и во извршната власт што ги најави лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев.

Еден од првите потези на Заев во т.н. операција „метла“ беше смената на 78 претседатели на Општински организации на СДСМ, а за почетокот на јуни наајави дека ќе следат смените во општествениот сектор, во јавните претпријатија, во Владата, во министерствата.

Во врска со најавените промени во извршната власт, Заев на почетокот на неделава имаше средба со коалицискиот партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети на која беше договорено најпрво да бидат направени консултации на партиско ниво.

 

0 Коментари

Остави коментари