Седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Foto

Седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на седница ќе одлучува за предлог одлуката за одбивање на барањето за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на локално ниво на подрачјето на општина Струга, како и за предлог – решението за бришење на трговското радиодифузно друштво ТВ ИРИС Штип од регистарот на радиодифузери.

На седницата ќе се одлучува и за предлози за изрекување мерка јавна опомена на телевизите ДИБРА – Дебар, Морис – Охрид, Нова – Гевгелија, како и на Канал 21 – Велес.

0 Коментари

Остави коментари