Седлоски нов тренер на Вардар
Гоце Седлоски е нов шеф на стручниот штаб на Вардар.
- АД ФК Вардар го назначи Гоце Седлоски за нов Шеф на стручниот штаб на клубот, објавија утрово „црвено-црните“ на својот профил на социјалната мрежа Икс.
Седлоски на тренерската позиција во Вардар доаѓа на местото на Срѓан Захариевски со кого вчера беше прекината соработката.
Вардар го доби четвртиот тренер од почетокот на сезоната. Пред Седлоски и Захариевски, тимот го водеа Горан Петрески и Горазд Михаилов.
Старо-новиот тренер на Вардар доаѓа во време кога тимто се наоѓа на последното место на табелата во Првата македонска фудбалска лига со освоени осум бода по 13 кола.