#седидома како апел, а сепак на шетање низ земјава – каде се дел од функционерите?
Foto

#седидома како апел, а сепак на шетање низ земјава – каде се дел од функционерите?

„Ви посакувам убав викенд и ве поздравувам од преубавото Беровско езеро“, вака стои во денешниот пост на Фејсбук на генералниот секретар на СДСМ.

Иако само пред неколку дена, тој исто на својот профил апелираше, граѓаните да ја сфатат сериозноста на КОВИД 19 и да останат дома, сепак замина на Беровско езеро да ги наполни батериите.

„Наполнете батерии во овие неколку дена полициски час, седете дома, одгледајте некој добар филм, затоа јас од срце ви го препорачувам документарецот за Мајкл Џордан The last dance, навистина ме инспирираше и ме потсети на неколку важни работи, фантастичен филм во 10 дела. И од понеделник ве молам сите да бидеме посвесни за она што се случува, и многу поодговорни,  малку недостасува за успех но уште помалку за разочарување, ајде да не се разочараме од самите себе,ајде да се гордееме на себе, затоа внимавајте на своето и внимавајте и грижете се и за туѓото здравје, останете дома, останете здрави. Потполно ги разбирам сите оние кои се нервозни поради новиот полициски час. Прашањето е зошто се случи.“ - изјави Николовски.

Николовски попладнево за ТВ 24 одговори дека не прекршил ниту еден карантин, а бидејќи мерките биле помалку рестриктивни, се прошетал до беровско.

„Ви го пишувам ова од мојот роден град, Крива Паланка. Не сум прекршил никаков карантин, ниту некогаш ќе го игнорирам поставениот ред.“ - рече Николовски.

Скопје е под целосен карантин од 80 часа, но оние кои апелираа до граѓаните да останат дома и да ги почитуваат препораките и мерките препорачани од самите нив – први го напуштија градот.

Покрај генералниот секретар, надвор од Скопје се и функционери кои по потекло не се од Скопје или имаат имоти во туристичките места.

Скопје за 80 часовниопт карантин, остана и без закрилата на својот татко, Петре Шилегов, кој за тв 24 потврди дека е на својот  имот во Маврово, кој го смета за свој дом. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, не информираше дека е во својот роден град Охрид, напоменувајќи дека нивата партија била против воведувањето на овој карантин.

Продолжениот викенд карантин  за само 4 града во Македонија, и масовното распространување на жителите од овие градови низ Македонија деновиве ги зовре социјалните мрежи, но министерот за здраство ја поддржа одлуката на граѓаните кои го напуштија главниот град.

„Секако ќе имаше многу патувања од местото на живеење, ако се има предвид дека имаме продолжен викенд. Ние мора да научиме да живееме со вирусот, ама каде и да се оди мора да се почитуваат мерките за лична заштита – носење маска миење раце и одржување физичка дистанца.“ - изјави Филепче 

И покрај очекувањата за напуштање на жителите на 4те најзагрозени  градови за време на целосниот карантин, министерот Филипче не даде одговор зошто сепак одлучиле да воведат ваква мерка.

0 Коментари

Остави коментари