Се зголемува минималната, синдикатите бараат усогласување и на другите плати
Економско социјалниот совет утре на седница треба да ја потврди пресметката и висината на новата минимална плата. Според пресметките кои се направени бруто износот на минималецот ќе изнесува 33 362 денари а пак нето платата 22 567 денари.
Од Организацијата на работодавачи за ТВ 24 велат дека на компаниите од приватниот сектор не треба да им биде проблем исплатата на новата минималната плата, туку велат дека ќе им биде проблем да обезбедат пари за расст и на останатите плати во компаниите.
„Секое понатамошно скалесто зголемување на коефициентите на платите на останатите вработени е сериозен проблем или пак во најлош случај се прави приближување на оние со ниска квалификасија со платите на повисоко квалификуваните работници. Што значи дека е сериозен проблем, а имаше и предлози за субвенционирање на платите но тоа се уште не е донесено.“ - вели Владанка Трајкоска претседателка на Организација на работодавачи.
Од ССМ велат дека не им е познато зошто се прави ваква неизвесност до последно да се чека да се утврди пресметката на новиот минималец, кога одамна се знаеше која ќе биде сумата која законски ќе треба да се иплаќа како најниска плата во земјава. Усогласувањето на минималната плата со други плати го чекаат над 60 илјади вработени во јавниот сектор.
„За секторот кој ние го застапуваме управа и правосудни органи претставува дека со утврдување на новата вредност на минималната плата истите ќе треба да добијат усогласување - линеарно за износот кој треба да биде зголемена таа минимална плата а веруваме дека ќе биде над 10 проценти.“ - вели Бојан Трипуноски ССМ.
По објавувањето на новата синдикална потрошувачка кошничка која тежи речиси 59 илјади денари, пресметките велат дека две мнинимални плати од овој месец кои ќе изнесуваат 45 илјади денари се далеку од доволни да ги покријат основните животни потреби на илјадници домаќинства во земјава. За еден месец трошоците за живот пораснале за 1500 денари, и тоа е дополнителен удар врз куповната моќ на граѓаните.