Се зголемува интересот за вакцинација, вчера се вакцинирале 10.065 граѓани
Foto

Се зголемува интересот за вакцинација, вчера се вакцинирале 10.065 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 254.154 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани, а вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани.

Како што информираат од Министерството за здравство, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

- Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата „vakcinacija.mk“ е 447.543 граѓани, се наведува во соопштението на Министерството.

Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено над 48 отсто од населението над 70 години, 42 отсто од граѓаните над 65 години и 35 отсто над 60 години.   

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Од Министерството посочуваат дека се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата „vakcinacija.mk“, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на „vakcinacija.mk“, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

0 Коментари

Остави коментари