Се зголемува бројот на жртвите од земјотресот во Албанија
Foto

Се зголемува бројот на жртвите од земјотресот во Албанија

Се зголемува бројот на жртвите од силниот земјотрес што ја погоди Албанија во утринските часови.

Според последните потврдени информации од Министерството за одбрана, животот го загубиле шест лица, од нив тројца во населбата „18“ во Драч, две во Туман и едно лице во Курбин.

Се уште не е позната судбината на четворица косовски граѓани кои биле сместени во мал хотел во Драч кој е целосно урнат. Не се исклучува можноста во хотелот да настрадал и некој од персоналот.

Спасувачки екипи се максимално ангажирани во отстранување на урнатините од петкатница во Драч и повеќекатница во Туман. Според очевидци, под урнатините во зградата во Туман има девет лица – членови на две семејства.

Работата ја отежнуваат честите потреси, кои од неколку минути пред четири часот ја надминуваат бројката од 110 потреси.

0 Коментари

Остави коментари