Се зголемува бројот на пациенти со ретки болести

Бројот на пациенти со ретки болести во земјава е се поголем,а поставувањето дијагноза знае да трае и до една деценија. Ништо пократко не трае набавката на потребните лекови за дел од пациентите.

Докторите велат дека час поскоро се потребни системски решенија. Едно од нив е изнаоѓање дополнителни фондови за собирање средства за набавка на потребните лекови. Пациентите со ретки болести чиј број во земјава е се поголем имаат скромни желби.

Со надеж дека ќе успејат да го кренат гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести и нивните семејства здруженијата за ретки болести „Ретко е да си редок“и  „Живот со предизвици“ ја организираат петтата по ред кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која ќе трае цел месец февруари.