Се засилува реториката во трката за претседател на државава

Како што се наближува датумот за првиот круг за претседателски избори, што ќе се одржат на 24 април, така се засилува и реториката на кандидатите за шеф на државава.

Претседателските кандидати и денеска продолжуваат со средби со граѓаните и со митинзи во повеќе населени места.

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Дојран, Валандово и во Гевгелија.

Максим Димитриевски, кандидат на движењето знам - За наша Македонија, оствари средби со граѓани во Скопје.

Кандидатката за претседател на левица, Билјана Ванковска ќе има средби со граѓани во Виница.

Кандидатот на коалицијата вреди Арбен Таравари одржа прес-конференција.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, денеска е на средби со жителите на Чашка и Свети Николе, додека централниот митинг ќе го одржи во Велес.