Се запали комплексот на старата велешка архитектура „Варналиите”
Foto

Се запали комплексот на старата велешка архитектура „Варналиите”

До темел изгоре куќа во стариот дел на Велес, во месноста позната како Варналиите.

Неофицијално, еден човек изгоре во пожарот, кој избувнал во неговата куќа синоќа околу 22 часот.

Пожарникарите се обидуваа да го локализираат огнот, но поради непристапниот терен и густо населената улица, борбата со огнот се одвиваше тешко.

Околу полноќ се урна покривот на куќата, а постоеше опасност целиот објект да падне. Огнот го зафати и покривот на соседната куќа, а во опасност беа и останатите куќи, кои се залепени една до друга. Околу 2 часот по полноќ, огнот беше локализиран.

Освен велешката противпожарна бригада, во гаснењето учествуваа и единиците од Скопје, Кавадарци, Неготино и Свети Николе.

Дали ќе се потврдат информациите дека сопственикот на куќата изгорел во пожарот, ќе се знае во текот на денешниот ден, откако ќе заврши увидот.

Куќата која е целосно изгорена е со стара велешка архитектура и е заштитена како споменик на културата. Објектот беше дел од повеќе играни филмови, меѓу кои и куќата на Тренчовци каде се снимаше ентериерот од култниот филм „Мис Стон“ и промотивни видеа за Велес.

Foto Foto Foto Foto Foto

0 Коментари

Остави коментари