Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров-нема повредени патници
Foto

Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров-нема повредени патници

Кинескиот двокатен автобус со број 5 кој денеска пламна во пожар го отвори прашањето за техничкиот сервис на автобусите со кои располага ЈСП. Па така, во градскиот сообраќај најчести се познатите автобуси на „ Јутонг“ кои се најдоа во кодната истрага „ Дизајн“на СЈО, како и украинските.

Првиот човеј на ЈСП, Кристијан Чушков појаснува дека најголем проблем при сервисирање претставуваат украинските автобуси за чии делови потребно е да се почека и до минимум 90 дена за набавка бидејќи во земјава не постои фирма за тоа. Додека за кинеските вели дека се во добра состојба и дека секој тековен дефект навремено се санира.

Пред да се пуштат во сообраќај дефектолог ги проверува во детали автобусите и ја утврдува фактичката состојба на автобусите, таков бил и случајот со двокатниот автобус кој се запали а за чии причини директорот Чушков вели дека ќе треба да се почека пред било што да се шпекулира. Автобусите вели се под видео надзор но во овој случај потенцира постои сериозна оштетеност на камерите како и на видео материјалот за што ќе треба да се почека бидејќи автобусот е на вештачење. При избувнување на пожарот навремено било интервенирано од страна на возачот, сите патници кои се наоѓале се безбедни вели Чушков додавајќи дека нема жртви ниту повредени.

Од ЈСП појаснуваат дека секојдневно во сообраќај се пуштаат 272 возила, а дваесетина се резерва во случај на дефект, за дел од резервните возила појаснуваат дека се од постарата генерација.

Од 16 панорамски (отворени) двокатни автобуси, само два се во функција, останатите воопшто не се во возна состојба бидејќи како што појаснуваат од ЈСП сегашното раководство посочените возила ги затекна и наследи, генерално расклопени од каде биле извадени мотори, менувачи, прозорци, шофершајбни, делови од командната табла, кочници, па дури и електрика и столчиња.

Од 200 двокатни (затворени, кинески „ЈУТОНГ“) автобуси, 20 отсто постојано се расипуваат, а додека од 80 украински нископодни автобуси производство на „ЛАЗ“, 3 возила воопшто не се во употреба, а од преостанатите 77 автобуси, 30 отсто често се расипуваат велат од ЈСП. Од таму појаснуваат и смируваат граѓаните да се чувствуваат целосно безбедни бидејќи тврдат дека автобусите се редовно сервисирани и безбедни.

0 Коментари

Остави коментари