Се запали автобус на ЈСП

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запали на Железничката станица во Скопје. Според првичните информации пожарот избил во задниот дел кај моторот, по што веднаш била повикана Противпожарна бригада, со што се спречило негово проширување.

Во моментот на несреќата, во него немало патници. 

Според првичните информации пожарот избил во задниот дел кај моторот, по што веднаш била повикана противпожарна бригада, со што се спречило негово проширување. Ова доаѓа по околу две недели откако автобус на ЈСП имаше сообраќајна несреќа и се качи на  жарденери, а возачот обвини дека тој бил неисправен. Директорот на ЈСП, драги кушовски, кој беше поставен пред помалку од месец, остро реагираше и кажа дека сите автобуси кои вршат превоз на патници се исправни.