Се враќаат државните реклами - 75% од средствата завршуваат кај петте приватни национални телевизии?!
Во политички тензична атомсфера, кога власта и опозицијата почнаа да преговарат за уставни измени, кога се зборува за предвремени избори, владата на маса ги стави предлог измени за медиумите.
Да се отвори патот за влез на јавни државни реклами во телевзиите, а најголем дел 75% од парите да завршат кај петте национални телевизии. Во истиот пакет, за истите пет национални телевзии, се превидува уште еден извор - телекомуникациските и кабелските оператори да им плаќаат сума по тв претплатник и обврзувачки да ги реемитуваат.
Денеска, прв работен состанок во министерството за инфорамтичко општество. Дел од експертите и новинарските еснафски здруженија, кои и пореходно беа децидни дека ваквите решенија се штетни за медиускиот плурализам, му кажале на министерот дека целото законско решение е неприфатливо, спротивно на еу стандардите и праксата.
Од агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за телевизија 24 велат дека тие не учествувале на работната средба, поканата за состанок ја добиле вчера доцна попладне.
- Агенцијата не учествуваше на работната средба во МИОА бидејќи поканата и работните материјали беа предоцна доставени. Со предложените законски решенија се уредуваат сериозни прашања кои ќе имаат значајно влијание врз аудиовизуелната област, поради што сметаме дека е неопходно нивно внимателно разгледување. - велат од АВМУ.
Еве што планира власта со предлог измените:
- “75% од средствата на годишно ниво се наменуваат за кампањи од јавен интерес кои ќе се емитуваат само на телевизии на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс“
Ова значи дека оваа сума од колачот зваршува само кај петте национални телевизии, Сител, Канл 5, Алфа, Алсат и Телма. Другите 25 % ќе ги делат сите останати медиумски играчи. Дополнително се предвидуваа и влез на пари преку јавни камапањи на локално, општинско ниво – 50% од средстават на годишно ниво повтроно да завршат за петте национални телевзии.
Според потврдени информации во понеделник нова работна средба во министерството за информатичко општество, овој пат телекомуникациските и кабелските оператори. Ја добиле предложената законска верзија, која според првичните оценки е целосно неприфатлива и за тоа ќе бидат информирани релевантните институции но и амбасади. Според предложениот текст операторите треба задолжително да ги пренесуваат националните телевзии и уште неколку регионални кои се пренесуваат на дигитален мултиплкес. Воедно да им плаќаат надоместок по претплатник.
Дали државата со ова се меша во односи на приватни субјекти, кој ќе го одредува надоместокот, дали вака предложените измени на крајот ќе бидат финансирани од граѓаните – од нивниот џеб? Ова ќе бидат прашања кои ќе се стават на маса на новата средба во понеделник.